Петто издание на „Галичник филм фестивал“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Галичник на 1 август започнува 5. издание на „Галичник филм фестивал“. Во рамките на годинашната програма на фестивалот, селектирани се 28 краткометражни филмови кои доаѓаат од престижните филмски фестивали, како: Кански филмски фестивал, Венециски филмски фестивал, Торонто филмски фестивал, Санденс, Локарно и многу други.

По свеченото отворање, ќе настапат „Скопски брас-квинтет“, кои ќе отсвират новокомпонирана музика од познати филмски сцени, како дел од проектот „Филмско-музичка фузија“.

Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници и др. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски.

Фестивалот, кој ќе трае од 1 до 4 август, се реализира со поддршка од Министерство за култура и туризам и од Агенцијата за филм.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...