Како да го истерате денот без да јадете благо? – совети од позната нутриционистка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ви се случува ли во текот на денот постојано да ви се јадат благи работи, торти, сладоледи, на кои не можете да им одолеете, иако знате дека не му носат добро на ваѓето здравје. Како да одолеете на потребата за благо, одговор имаат експерти кои постојано препорачуваат здраво да се храниме.

Незапирливата желба за слатки често може да се поврзе со потребата за „удобност“, бидејќи храната со висока содржина на шеќер го стимулира ослободувањето на „хормоните на среќата“, ендорфините и допаминот. Но, тоа не значи дека големо количество јаглехидрати ќе ве одржуваат долго среќни.

Нивото на енергија што ни го даваат слатките брзо се троши и брзо се намалува, што предизвикува нова желба за слична храна, за што поскоро да ви го врати доброто расположение. Ова не доведува во циклус кој најчесто води до зголемување на телесната тежина.

За среќа, постојат намирници кои можат да го прекинат тој циклус на желба за слатки – посегнувањето по протеини ќе помогне да се балансираат нивото на шеќер во крвта и да се намалат енергетските скокови и падови, така што желбата за шеќер и јаглехидрати не треба да се појавува.

Значи, јадете повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, ладно цедено, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува познатата нутриционистка Лили Саутер.

Исто така, само една лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јаглени хидрати. Тоа ќе го балансира нивото на шеќер во крвта, што ќе го намали „налетот“ на инсулин после оброкот што доведува до желба за храна што содржи јаглени хидрати. Додадете малку цимет во храната или чајот, пишува Daily Mail.

Покрај тоа, погрижете се вашето тело да спие доволно. Ако спиете премалку, телото ќе бара дополнителни калории во текот на денот за да обезбеди енергија. Истражувањата покажаа дека внесуваме 300 до 400 калории повеќе во текот на денот без сон.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?

  • На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
  • На пироманите (20%, 188 Гласови)
  • На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
  • На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
  • На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)

Вкупно гласови: 952

Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи