СВР Тетово информираше дека ноќеска во 3 часот и 30 минути после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во барака за продажба во градскиот парк покрај кејот на реката Вардар, сопственост на И.М. од Гостивар.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













