Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години почнаа да добиваат известување од УЈП за неплатен данок.
Од Управата потврдуваат дека продолжуваат со постапката за подмирување на обврските за приходите остварени во други држави во 2021-та година.
Колку лица ќе бидат опфатени и колку од нив се студенти – немаат точна бројка.
Не се знае ни колку пари се очекуваат по основ на неплатен данок.
– Ние праќаме известување по физички лица. Ние не знаеме дали се студенти или припадници на воени мисии во странство или лица вработени во меѓународни организации кои работеле тој период во странска држава, вели директорката на УЈП, Елена Петрова.
Лани УЈП почна со решенија за неплатен данок на парите заработени во странство во 2020-та година.
Беа опфатени околу 9 илјади граѓани, меѓу кои студенти и работници во Ирак и Авганистан.
При тоа беа собрани 2,8 милиони евра по овој основ.
– Откако завршија пријавите за 2020-та, сега на ред е 2021-та година, велат од УЈП.
Државите со кои имаме договор за двојно оданочување, треба да достават доказ за платен данок.
Од УЈП појаснуваат дека парите добиени на подарок, семејна поддршка, позајмица или траснфери преку сервисите за транфер за пари, не подлежат на оданочување.
Лицата немаат обврска овие приливи да ги пријавуваат во УЈП.
За останатите приходи заработени таму ќе мора да платат данок од 10 отсто, ако не им е платен во државата каде што биле ангажирани.
Преземено од: Линк













