Лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала денеска изјави дека неговата проиранска формација и Иран се „принудени да одговорат“ на Израел, „без разлика какви се последиците“, по убиствата на политичкиот лидер на палестинското движење Хамас и воениот претставник на либанското движење.
Во говорот емитуван во живо, Насрала рече дека Хезболах ќе одговори „сам или како дел од унифициран одговор на целата оска“ на отпорот, која е предводена од Техеран и ги обединува своите сојузници во регионот.
Непосредно пред говорот, израелски авиони летаа ниско над Бејрут, пробивајќи го воздушниот ѕид, пренесоа медиумите од местото на настанот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?
- На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
- На пироманите (20%, 188 Гласови)
- На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
- На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
- На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)
Вкупно гласови: 952
Преземено од: Линк













