Слично на кучињата и мачките тагуваат кога ќе изгубат пријател

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ново истражување, спроведено во САД, покажува дека мачките не се така ладни како што се верува, туку и тие се тажни кога ќе изгубат „пријател“, слично како кучињата.

Истражувањето опфатило сопственици на 412 мачки, чиишто блиски суштества – друга мачка, куче и сл, неодамна угинале. Наодите, како што пренесува лондонски „Тајмс“, откриваат дека овие домашни миленици ја изразуваат тагата на различни начини. Некои од нив престануваат да земаат храна, додека други спијат повеќе или да си играат помалку, а некои, пак, бараат повеќе внимание. И професорката од Универзитетот на Оукленд во американската сојузна држава Мичиген, Џенифер Вонк се согласува дека мачките тагуваат

„Обично се верува дека мачките, за разлика од кучињата, се ладни животни, и пооддалечени, оти не се „друштвени“ итн. Мислам дека погрешно ги проценивме мачките… И овие животни, сепак, создаваат заедници со хиерархија, па логично е некој да им недостасува“, вели Вонк.

При испитувањето, Вонк ги замолила сопствениците да го опишат односот на нивните миленици. Заклучок: Однесувањето се менува. Тоа ќе рече: Мачките изразуваат тага.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...