„Долче и Габана“ го измисли „Фефе“, парфем за кучиња, ама некои ветеринари не се воодушевени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Модната куќа Долче и Габана лансираше нов парфем за кучиња без алкохол, наречен „Фефе“ по пудлицата на еден од сопствениците на куќата, Доменик Долче.

Новиот парфем чини 99 евра и е сертифициран за употреба на животни врз основа на италијанските правила за безбедна козметика за домашни миленици, објави АП.
На официјалната веб-страница посветена на „Фефе“ стои дека 100 отсто од сопствениците на кучиња кои ги консултирала компанијата се согласиле дека мирисот е нежен и дека кучињата добро го прифаќаат, како и дека ветеринарите го одобруваат производот.

Составот на парфемот вклучува иланг иланг, мошус и сандалово дрво. Некои ветеринари, сепак, не се согласуваат со употребата на парфеми за кучиња, бидејќи тие можат да го попречат нивното сетило за мирис, како и да ги прикријат непријатните мириси кои можат да бидат симптом на болест.

Ветеринарот од Рим и доктор на науки од Универзитетот во Терамо, Федерико Коча, рече дека смета дека парфемите не треба да се користат за кучиња, бидејќи тие се препознаваат по мирисот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?

  • На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
  • На пироманите (20%, 188 Гласови)
  • На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
  • На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
  • На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)

Вкупно гласови: 952

Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...