Лишен од слобода гостиварец под сомнение за лихварство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


СВР Тетово информира дека вчера (8 август) во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од Л.Б.(34) од гостиварска Долна Бањица дека заедно со Ф.М. на неговиот татко Ѓ.Б. во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го натерале да плати двојно поголем износ.

Како што било пријавено, откако Л.Б. го платил долгот на неговиот татко, тие му побарале уште за камата и му се заканувале доколку не плати, извести полицијата. Тој е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...