Врховниот судија Ѓеоргиев прифаќа да оди во затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Врховниот судија Наќе Георгиев кој беше фатен со мито од 10 илјади евра, прифаќа да оди во затвор без да му се суди. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе го добило предлогот за спогодба потпишана од Георгиев со која се согласува на ефективен затвор. Висината на затворската казна ќе ја утврдува судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија.

 Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена.

Ваква спогодба направи и членот на советот на Јавни обвинители, Иџет Мемети како второосомничен. Признал дека со врховниот судија помогнале поранешниот градоначалник на Ново село да добие поблага затворска казна и дека за тоа биле наградени, но наместо судски процес во кој му се закануваше затвор до пет години, Мемети се одлучил за спогодба. Осуден е на условна казна од една година затвор, која нема да ја одлежи ако во следните три не го повтори делото.. Добил и забрана за вршење јавна функција.

Соочен со прибраните докази, осомничениот И.М. со самото потпишување на предлог – спогодбата ја призна вината, односно не го спори кривичното дело што му се става на товар и е согласен со предложената кривична санкција. Тој, по претходен договор со првоосомничениот Н.Г. го искористил своето реално влијание, службена положба и углед како заменик претседател и член на Советот на јавни обвинители наводно интервенирал да не се поднесе обвинение.

Мемети во меѓувреме поднел и оставка од Советот на јавни обвинители.

Според обвинителството, со прифаќањето спогодби за осомничени кои признаваат вина се крати  траењето на кривичната постапка за случаи со доволно докази за стореното кривично дело.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...