СВР Тетово соопшти дека вчера (13 август) во 16.20 часот во ОВР Гостивар, 77 – годишен гостиварец пријавил дека околу 13 часот во дворот од неговата куќа бил физички нападнат од неговата поранешна снаа за син, која оштетила и дел од предметите во дворот, а при пад врз оштетените предмети тој се здобил со повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Полицијата наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Преземено од: GostivarPress













