Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк “Преспа” во Пустец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк “Преспа” општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.

– Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.

Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.

– Сепак,  следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.

Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да “не се уништува и да се заштити природното богатство”.

Во пожарот беа уништени над 300 хектари.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...