Виз Ер намалува летови на балканскиот пазар, опфатени и Скопје и Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година, пишува порталот EX-YU aviation news.

Од Охридскиот аеродром, пак,  бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.

Виз Ер,  како што стои во објавата, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта.

Во Белград, и покрај тоа што ќе има повеќе летови во претстојните два месеца  во споредба со минатата година, Виз Ер ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6 проценти, намалувајќи 148.292 седишта од пазарот, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2 порценти во однос на 2023 година. Тоа, стои во објавата, резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот.

Во Подгорица, пак, Виз Ер го намалува капацитетот за 7,3 проценти или 5.452 седишта, а во Љубљана, со една линија помалку од лани, превозникот ќе има 44,9 порценти помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.

Порталот пишува дека следната година Виз Ер планира приземјување на 35 авиони.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи