За еден месец минималните трошоци зголемени за 10 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

„Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на
работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани“, велат од ССМ.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...