Се испорачуваат учебниците за новата учебна година, Јаневска со апел до директорите да бидат подготвени за прием

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори, потенцираат од МОН.

Во оваа насока е и пораката која министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ја упати до училишните раководства, посочувајќи дека учениците и наставниците се нивна основна грижа и токму нив им требаат учебниците, а тоа значи дека треба да организираат соодветен прием на истите.

„Ваша обврска е да ги примите учебниците во терминот кој навремено ви е посочен од дистрибутерот. Сигурна сум дека секој од вас има доволно персонал на располагање и може успешно да ја заврши обврската. Очекувам сите да сме на висина на задачата, со цел добро подготвени да го дочекаме стартот на новата учебна година“, вели министерката Јаневска во пораката до директорите на основните и средните училишта.

Таа додава дека дистрибутерите немаат должност да доаѓаат по втор или по трет пат во училиштето за да ги достават учебниците и затоа, било какви изговори на директорите за одложување на приемот се неприфатливи.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи