Исчезнати ножици одложиле и откажале многу летови – Драма во Јапонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На терминалот на новиот аеродром „Читосе“ на севернојапонскиот остров Хокаидо, викендов 36 летови беа откажани, а 201 одложен, откако исчезнаа ножици од продавница во близина на патеката до влезот кон авионите.

Ножиците не беа пронајдени во саботата – денот кога исчезнаа, но безбедносните проверки на терминалот беа прекинати во саботата, утрото, на околу два часа. Потоа патниците мораа повторно да минат низ целиот тој процес. Летовите продолжија во вечерните часови.

Ножиците биле пронајдени следниот ден во самата продавница.

Министерството за земјишта, инфраструктура, транспорт и туризам побара од аеродромот во Хокаидо да ја истражи причината за исчезнувањето на ножиците и да спречи тоа да се повтори.

„Веруваме дека ова се случи како резултат на недоволно сигурните системи за складирање и управување во продавницата. Ова е инцидент што можеше да биде поврзан со киднапирање или тероризам и ќе работиме на зголемување на свеста за важноста на управувањето“, соопштија од аеродромот.

Корисниците на интернет го пофалија одговорниот потфат на аеродромот, како потврда за довербата во безбедноста на воздушниот сообраќај во Јапонија. Аеродромот „Читосе“ е еден од најпрометните во Јапонија, а во 2022 година низ него минале повеќе од 15 милиони патници. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...