Запленето злато и сребро вредни над 560.000 денари, кај патник во автобус на релација Истанбул-Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар.

„Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него. По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златен и сребрен накит.“, соопшти Царинската управа.

Од таму додаваат дека предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи