За Голема Богородица сеноќно бдение со Света архијерејска литургија во Бигорски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица, во Бигорскиот манастир ќе се одржи сеноќно бдение, со Света архијерејска литургија.

„Возљубени поклоници на Царицата Небесна, ве известуваме дека на денот кога ја славиме „летната Пасха“, односно сечесното Успение и Преселување на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Свештената бигорска Обител ќе се одржи сеноќно бдение, коешто ќе започне утре, 27 август, во 21 часот“, стои во соопштението на Бигорскиот манастир.

Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии.

„Бдението ќе заврши со Божествена Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на Обителта, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите кои молитвено сакаат да го прослават великиот празник на Мајката Божја#, се наведува во објавата.

По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...