Во пресрет на новата учебна година, младите волонтери на Општинската организација на Црвен крст Гостивар спроведуваат хуманитарна акција за собирање на училиштен прибор. Како што наведуваат од организацијата, целта на оваа активност е да се обезбеди училиштен прибор за деца од семејства во социјален ризик.
„Секое дете заслужува среќа. Донирајте училиштен прибор, бидете хумани! Заедно да насмееме и да ги стоплиме срцата на многу деца“, порачуваат од Црвен крст.
Секој што е во можност и има интерес може да донира: ранец, тетратки, моливи, боички, гуми, пенкала и слично. Донацијата треба да се достави во просториите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Акцијата се одвива под мотото „За посреќно детство”.
Преземено од: GostivarPress













