На 2 септември 2024 година, околу 13:05 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Тоде Богданоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која тешко се повредил мопедист.
Според информациите, С.Д. (59) од гостиварското село Равен, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мопедот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













