По 300 евра ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари.

„Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле условите согласно јавниот повик, се потпишани, согласно принципот „прв дојден, прв услужен“. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица“, посочи Дурмиши.

Министерството за економија и труд ќе издава ваучерите согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. За оваа намена во Ребалансот на буџетот предвидени се 32 милиони денари.

Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...