Коцевски потврди: Сослушани три лица, а за едно предложено мерки за претпазливост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Три лица кои беа уапсени под сомнение дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет се сослушани пред јавен обвинител, а за едно од нив е предложено мерки за претпразливост – одземање на патна исправа и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган, потврди обвинителството.

Јавниот обвинител Коцевски вели дека по оформувањето на предметот и барањето за претрес во фирми и домови, акцијата била успешна.

Министерот за внатрешни работи Тошковски во изјава за трилинг вели дека битката со криминалот била почната. Имало многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари, но детали во момемнтов не можел да сподели.

Осомничените се товарат дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет за десетици милиони евра. Во акцијата, полицијата пронашла дијаманти и голема сума на кеш во претресите направени на неколку локации во Струмица, Скопје и Гостивар.

Неофицијално откриени се и косовски државјани кои формирале фирми кои соработувале со струмичкиот бизнисмен кој важи за близок на високи функционери од поранешената власт.

Во јавност веќе споделуваат информации дека акцијата може да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП . Лукаревска не сака да ги коментира ваквите информации.

 

 

 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...