Моќта на градоначалниците треба да се ограничи, оценува претседателот на ЗЕЛС

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе работи на измени во Законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски.

  • Сега е најизразен проблемот во Скопје. Утре ден може да биде изразен проблемот во која било скопска општина. Не може еден човек поради за него разбирливи причини или каква било фрустрација да држи заложници цел град, цела општина и така натаму. Градоначалниците, јас поаѓам од себе си, согласно постоечките закони за локална самоуправа, се недопирливи, се презаштитени, вели градоначалникот Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека градоначалник може да се смени само на избори и дека смета дека треба да се ограничи нивната моќ.

  • Тогаш градоначалникот ќе знае дека може да почне, но нема да му заврши можеби мандатот до крајот на мандатот и логички е дека ќе размислува за нешто да реализира. Ние имаме градоначалници од минатото кои што четири години ги поминаа во хибернација мандатите, кои што ги преспаа народски кажано мандатите и нема никаква казна, казната единствена е изборите. Мора да има да се воведе механизам со кој што и порано може да дојде до одговорност. Не зборувам само за кривична одговорност, но за одговорност кај градоначалниците и на тој начин да се регулира неговото работење или неработење, реќе Ѓорѓиевски.

Во однос на барањето на ЗЕЛС за зголемување на казните за создавачи на диви депонии вели дека инспекцијата постапува по тарифници односно глобите се премногу ниски.

-И сега, ако земете во предвид одредена градежна компанија, која што во неколку наврати ја казнуваме за истата работа, претпоставувам дека концептот нивни е, подобро ќе ризикувам да ме казни општината со 30, 40 или 50 евра, отколку да го носам отпадот во Дрисла, вели градоначалникот на Кисела Вода.

Доколку ова барање на ЗЕЛС се прифати, според Ѓеорѓиевски, ќе се влијае на причинителот на сето тоа, а не како досега да се занимаваме со последиците.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...