Тиквичките може да се подготват на многу начини, вклучително и да се наполнат со нешто. Полнетите тиквички, особено ако се полнети со месо, се балансиран оброк кој е богат со протеини и други хранливи материи добиени од зеленчукот.
Тиквичките се разноврсна храна која поради својот неутрален вкус и текстура може да се користи во бројни јадења. Тиквичките може да се подготват во чорби, супи, на скара кога само ќе ги исечеме на прстени, можеме да ги рендаме во разни форми, а можеме и да ги филуваме.
Кога сакаме да направиме полнети тиквички, само ги преполовуваме по должина, ги отстрануваме семките и ги филуваме со филот по желба и ги печеме во рерна.
Тиквичките полнети со месо се идеален оброк бидејќи се многу лесни, имаат многу малку јаглехидрати и изобилуваат со протеини кои ни се неопходни и понекогаш тешко се консумираат во доволна количина во текот на денот.
Полнетите тиквички се подготвуваат брзо и лесно, а рецептот е многу лесен за следење.
Рецепт за полнети тиквички
Потребни состојки:
- 4 тиквички со средна големина
- 300 гр мелено говедско месо
- половина кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
- 100 мл пасирани домати
- 100 гр моцарела
- една лажичка мелена пиперка
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во тава загрејте го маслиновото масло и на него пропржете го ситно сечканиот кромид и по околу пет минути додадете го лукот и пропржете уште пет минути. Додадете го месото, зачинете со сол и бибер и мешајте околу пет минути или додека месото повеќе не е розово. Во месото додајте црвен пипер и пасиран домат и оставете да зоврие.
Откако ќе го подготвите филот со месо, пресечете ги тиквичките на половина по должина и со лажица извадете ги семките. На издлабениот дел од тиквичката ставете фил колку што ќе собере и над тоа се изрендајте или ситно искинете ја моцарелата.
Полнетите тиквички ставете ги во рерна која претходно сте ја загреале на 200 степени и печете околу 30 минути, односно додека тиквичките не омекнат. Послужете веднаш.
Наздравје!
Преземено од: GostivarPress













