Почнува ЛШ во новиот формат, во првото големо дерби Милан домаќин на Ливерпул

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со шест натпревари вечерва стартува воведното коло во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) во новиот формат.

За прв пат од ребрендирањето на ЛШ ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола, во термините од 18:45 и 21 часот. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари, распределени во три денови, од вторник до четврток.

Групната фаза на ЛШ ќе трае до 29 јануари 2025 година.

Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат плејоф за преостанатите осум осминафинални места. Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. место ќе ја завршат европската сезона.

Дербито на вечерта се игра во Милано каде Милан е домаќин на Ливерпул.

Бранителот на титулата Реал го пречекува Штутгарт, а преостанатите двојки се: Јувентус – ПСВ, Јанг Бојс – Астон Вила, Баерн Минхен – Динамо Загреб и Спортинг – Лил.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...