Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчисти три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате, а кои се случиле во гостиварско Дебреше во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во периодот од 03.08 до 09.09.2024.
По преземени мерки, на 10.09.2024 од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше кај кои биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, а кои биле вратени на сопствениците, извести полицијата.
Како што може да се забележи од фотографиите од полицијата, станува збор за накит, техника, алати и др.
По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од СВР.
Преземено од: GostivarPress














