Неделниот ден е идеална прилика семејството да се собере на заедничка трпеза. Секако, најважна е домашната атмосфера и споделените моменти, но зошто сето тоа да не биде надополнето со вкусна храна. Нашиот предлог за вашиот неделен ручек е Гурманска тава.
Состојки:
800 гр. пилешки стек
300 гр. чадено месо
500 гр. телешко месо
1 домат
8 парчиња кашкавал
магданос, црвена пиперка, бибер, сол и масло
Подготовка
Пилешкиот стек, телешкото и чаденото месо исечкајте ги на тенки ленти по должина. Во огноотпорнен сад намачкан со масло, наредете ги состојките по следен редослед: најпрво чаденото месо, врз него стекот, па исечкан домат на кругови, кашкавалот, па врз него телешкото месо. Не заборавајте при редењето да додавате зачини. Наредената тава залијте ја со 120 мл. вода и малку масло. Јадењето се пече на 200 степени околу 60-70 минути минути.
Преземено од: GostivarPress













