„Танец“ одржа концерт во Подгорица, Балканската турнеја продолжува во Љубљана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во саботата, на 21 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место.

Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од  првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ.

Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи