Жител на Кичево измамен за 5.000 евра при пазарување во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Триесет и пет годишен маж од Кичево вчера на (02.10.2024) во 16.40 часот во ОВР Гостивар, пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави производот. Како што е пријавено, лицето потоа му се јавило и побарало уште 3.000 евра, кои тој му ги дал преку друго лице.

Исто така, според пријавеното, до пријавувањето ниту му бил испорачан производот, ниту му биле вратени парите. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи