СВР Тетово информира дека вчера (15 октомври) во 11.40 часот М.С.(45) од Речане, пријавил дека во дворот од семејната куќа во Чајле, го пронашол починат и со изгореници по телото неговиот вујко М.Х.(63), кој имал здравствени проблеми.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Преземено од: GostivarPress













