Конкурс за стипендии за студенти Роми за академската 2024/2025 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за образование и наука објави  Конкурс за доделување 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Македонија за студиската 2024/2025 година.

Месечниот износ на стипендијата е 6.000 денари и студентите Роми ќе ја добиваат девет месеци во текот на една студиска година.

Заинтересираните кандидати треба да се припадници на ромската етничка заедница, да се државјани на Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

Според објавениот конкурс, критериуми ќе бидат постигнатиот среден успех на кандидатот, да се редовни студенти на некоја од јавните или приватните високообразовни установи во државава, а предност при селекцијата ќе имаат студентите Роми кои студираат на факултети кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, најдоцна до 1  ноември годинава.

Во објавениот конкурс се наведени документите потребни за аплицирање и е појаснет начинот на пријавување за стипендиите.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи