Пробно возење на еко електричниот автобус во Гостивар, има ли општината финансиска сила за ваков јавен превоз?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Еко електричен автобус кој не прави бучава и не испушта штетни гасови денес беше презентиран во Гостивар. Во првата тура, возењето го испробаа градоначалникот Ваљбон Лимани со општинската администрација во придружба на претставниците на компанијата добавувач, Ауто Македонија.

„Денес сме на презентација на електричниот автобус кој воопшто не го загадува воздухот. Гостивар е дел од „Исузу Бас Еуро Тура 2024“. Граѓаните ќе можат да се повозат и да видат кои се придобивките Гостивар да има градски јавен превоз. Се надевам дека ова може да биде почеток на воспоставување на јавен превоз, ќе се направи студија и ќе видиме кои натамошни чекори ќе ги преземеме понатаму.“, изјави Лимани.

Според информациите кои ги дадоа претставниците на компанијата цените на ваквите автобуси се движат од 100.000 до 300.000 евра. На новинарско прашање дали општината има финансиска сила да набави вакви електрични автобуси, првиот човек на Гостивар одговори: „Доколку студијата покаже дека е исплатливо и е добро, се надевам дека ќе најдеме финансиски извори да го оствариме тоа.“

dsc 4910

Автобусот што возеше низ Гостивар денес беше со капацитет од 25 до 29 лица, со пристап и за граѓани со попреченост.

„Дојдовме во Гостивар да промовираме нов, модерен електричен автобус којшто има 0 емисија на издувни гасови, не произведува никаков звук. Сакаме да дадеме можност гостиварчани да се возат во еден европски модерен автобус. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на градоначалникот што ни дозволи да се вклучиме во градскиот сообраќај.“, кажа Елена Тодорова, комерцијален директор на Ауто Македонија.

dsc 4921

Тест возења на електричните автобуси ќе се организираат и низ други градови во Македонија.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...