СВР Тетово извести дека вреча (16 октомври) во 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – Лешница – Долно Јеловце, Ф.М.(39) од Здуње, гостиварско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, наведува полицијата.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













