Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Националното студентско тело и студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поднеле барање до Министерството за образование и наука за преразгледување на бројот на стипендии за студентите од општествените науки во Конкурсот за академската 2024/2025 година.

Како што информираат, во барањето се истакнува намалувањето на бројот на стипендии за ова научно подрачје, кое се сведува на само четири стипендии, наспроти минатогодишните десет.

-Оваа бројка е несразмерно помала во споредба со стипендиите за техничко-технолошките и природно-математичките науки, кои остануваат на високо ниво, иако минатата година биле пополнети само 24 од вкупно 40 предвидени стипендии за овие области. Со овој значителен пад на стипендиите за општествените науки, се ограничува можноста на студентите од оваа област да добијат неопходна финансиска поддршка за нивните студии. Дополнително, во годинашниот конкурс за стипендии се вклучени и студентите на интегрираните студии (3+2 години), што само го зголемува бројот на потенцијални кандидати од општествените науки, а истовремено намалувајќи ги шансите за добивање стипендија на сите што ќе аплицираат, наведува Студентскиот правобранител на УКИМ.

Како решение студентските претставници предлагаат да се разгледа можноста за прераспределба на непополнетите стипендии од другите научни области, со што би им се овозможило на студентите од општествените науки да ги искористат овие средства. Ова, според нив, би овозможило фер и правична распределба на стипендиите.

-Студентите очекуваат одговор од Министерството за образование и наука, надевајќи се на позитивен исход кој ќе биде во интерес на сите студенти од втор и трет циклус на студии, се наведува во соопштението.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи