Во чест на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба утрово во Гостивар се организираше собир со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.
На овој начин, како што беше речено на настанот, им се оддава почит на основоположниците на македонската револуционерна борба, како и на сите борци кои го положиле својот живот за слободна Македонија.
Букети цвеќе положија делегации на: Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Општинскиот одбор на Сојузот на борци и продолжувачи на традициите од НОВ, Движењето ЗНАМ и Општинската организација на СДСМ.


Присутните со едноминутно молчење оддадоа почит кон борците загинати за татковината.
Вчеравечер во Гостивар по повод 23 Октомври се одржа пригодна свеченост.
Преземено од: GostivarPress















