Трговците се алчни, велат синдикатите и бараат Владата да преземе поригорозни мерки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори – изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка.

Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Тој рече дека дотогаш ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци.

-Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат – посочи Трендафилов.

Според него, зголемените цени во септември само ги намалиле во октомври и повторно останале со истиот профит.

„Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци“, истакна претседателот на ССМ.

Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите.

-Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минимналната синдикална кошничка, а ние ја пресмeтуваме и најдобро знамеме што е потребно, нагласи Трендафилов.

Според министерот, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.

-До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро – изјави министерот.

Тој додаде дека досега се реализирани состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат.

„Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки“, истакна Дурмиши.

Министерот и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...