Општина Гостивар истрати демант за објавата со пријавен случај на напад, кој го пренесуваме во целост:
„Општина Гостивар го демантира написот на портали, дека вчерашниот случај, кој е пријавен дека се случил во Општина Гостивар, всушност се случил во соседната зграда до Општина Гостивар, каде што се сместени регионалните министерства и дирекциите. Случајот воопшто не е поврзан со Општина Гостивар и ги замолуваме медиумите објективно да известуваат. Исто така, бараме истиот напис да биде демантиран од медиумите кои го објавиле.“.
Преземено од: GostivarPress













