Зградата на Општина Гостивар ќе се реконструира и ќе биде енергетски ефикасен објект

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Општинската зграда на Гостивар следната година ќе добие целосно нов лик и ќе стане енергетски ефикасен објект. Зафатот за реконструкција е дел од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, кој се реализира од проектната единица при Министерството за финансии, со финансиска поддршка од Светска Банка.

Предвидено е обнова на фасадата, замена на прозорците, како и наместо котелот на нафта, да се постави топлинска пумпа со сите дополнителни елементи кои ќе бидат потребни за затоплување и ладење на просториите.

„Со овој зафат ќе имаме енергетска ефикасност на зградата и подобри услови за работа на општинската администрација.“, рече Дашмир Османи од канцеларијата за локален економски развој на Општина Гостивар.

Денес во Гостивар се одржа презентација и јавна расправа за активностите и процедурите во склоп на проектот.

223

„Проектот претставува заем на РСМ од Светска Банка во вкупна вредност од 25 милиони евра и  има три компоненти. Гостивар е вклучен во компонентата за инвестиции во општините, која тежи вкупно 10,5 милиони евра. Општината аплицираше со проект за реконструкција на административната зграда, со вредност од околу 350.000 евра. Поволните услови се тоа што 80% од средствата се од заем, којшто ќе го враќа општината со доста поволна каматна стапка, а другите се грант од нашата програма.“, појасни Катарина Георгиевска, специјалист за животна средина во проектната единица на МФ.

Според најавите реконструкцијата на општинскиот објект ќе се заврши налето наредната година.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...