На терените во Голф клубот Ада во Белград, вчера, на 3 ноември 2024 година, се одигра можеби единственото голф дерби во светот помеѓу вечните ривали Партизан и Црвена Ѕвезда, во кое победата ја однесоа „црно-белите“ предводени од гостиварецот Деан Поповски.
Поповски, како капитен го предводеше тимот на Партизан кој излезе и како клучен играч во овој натпревар, осигурувајќи победа за својот тим, во кој со вечниот ривал се соочија на 15 дупки, славјеќи со резултат 10-5.
Оваа победа на ГК Партизан е значајна и за клубот и за сите негови поддржувачи, кои го прославија овој успех како симбол на упорност и тимска работа.
Поповски е роден гостиварец, кој живее и работи во Белград, со голф се занимава повеќе од 5 години и во својата кариера има трофеи и успеси од повеќе меѓународни натпреварувања.
Ова GCA Derbi, кое се игра 12 години веќе станува традиција, зацврстувајќи својата позиција како уникатен спортски спектакл и потврда дека голфот станува се популарен и на балканските простори.
Преземено од: GostivarPress















