Македонските ракометари денес ѝ гостуваат на Литванија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонската ракометна репрезентација денес од 17 часот гостува во Вилнус кај Литванија во натпревар од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартната победа со Естонија во средата во Скопје, со евентуален триумф ќе се најдат на чекор до пласман на уште едно големо натпреварување.

Литванците квалификациите ги започнаа со убедлив пораз од Словенија, но сепак нашите репрезентативци се претпазливи пред натпреварот во Вилнус.

  • Литванија одигра одлично прво полувреме со Словенија и покажа дека е квалитетна репрезентација. Во никој случај нема да ни биде лесно. Ќе мора да играме максимално борбено цел натпревар за да дојдеме до победата која би значела огромен чекор кон пласман на ЕП, изјави македонскиот репрезентативец Иван Џонов.

Во другиот натпревар од 2. коло во Група-1 се среќаваат Естонија и Словенија исто така од 17 часот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...