Акција против питачење во Гостивар и во Тетово, фатени неколку женски лица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вчера (12.11.2024) во времето од 11 до 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со социјални работници од Центрите за социјални работи извршиле акциска контрола за сузбивање на питачењето на тетовско-гостиварското подрачје.

Како што соопшти СВР Тетово во Гостивар во 11.10 часот на булевар ,,Браќа Ѓиноски“ била затекната С.Т.(38) од Прилеп, во 11.30 часот на улица ,,Мајор Чеде Филиповски“ била затекната Е.А.(36) од Скопје и во 10.30 часот  на булевар ,,Браќа Ѓиноски“ била затекната М.А.(21) од Скопје. За нив се изготвени соодветни поднесоци и тие се предадени на вработените од Центар за социјални работи- Тетово и Гостивар.

Во 13 часот  на улица ,,Илинденска“ во Тетово, била затекната како питачи А.Џ.(22) од Скопје, а во 13.30 часот, на раскрсница од улица ,,Илинденска“ со улица ,,Ѓоце Стојчески“ е затекната како питачи К.Ш.(28) Долна Бањица, гостиварско, која била заедно со две малолетни деца, кои се преземени од социјалните работници.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...