Во Белград убиен познатиот руски готвач Алексеј Зимин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Рускиот новинар и готвач Алексеј Зимин почина на 53-годишна возраст во Белград. Причината за смртта се уште не е потврдена.

„Телеграф“ пишува дека тој бил пронајден мртов во изнајмен стан во Белград. Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да го добие цели седум дена. Кога дошол да провери што се случува, го нашол мртов. Тој наводно имал рана на главата.

Зимин имаше значајна кариера во медиумите и кулинарството. Тој беше главен уредник на неколку списанија. Пишуваше и како колумнист за „Комерсант“ и „Ведомости“. Покрај новинарските активности, Зимин водеше емисија за готвење и напиша неколку книги за готвење.

Откако се пресели во Лондон во 2015 година, тој почна кариера во ресторанската индустрија и отвори ресторан и направи списание. Тој беше истакнат критичар на војната во Украина, а претходно објави видео на Инстаграм во кое пее антивоена песна, пишува „Економист“.

Откако објави видео со антивоена песна, неговата руска емисија „Готвење со Алексеј Зимин“ ненадејно беше откажана на мрежата НТВ. Поранешниот руски пратеник и истакнат опозициски политичар Илја Пономарев рече дека емисијата е откажана поради „антивоените изјави на презентерот на социјалните мрежи“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...