„Хамилтон во Ферари ќе биде фаворит за титулата“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, предвидува дека Луис Хамилтон ќе се бори за светската титула во Формула 1 во 2025 година со болидот на Ферари.

Британецот во февруари објави дека актуелната сезона му е последна во Мерцедес и дека кариерата од 2025 година ќе ја продолжи во Ферари.

Преселбата на Хамилтон во Ферари е најголемиот трансфер во Формула 1 од 2012 година кога од Мекларен премина во Мерцедес.

Тимот од Италија оваа сезона покажува се подобра форма под водство на Фредерик Васер, што дополнително ги зголемува очекувањата од доаѓањето на Хамилтон.

„Тој доаѓа од тим во кој помина повеќе од десет години, така што ова сигурно ќе биде голема промена за него. Но, Ферари изгледа во добра форма и возач како Луис е секогаш претендент за титулата“, изјави Хорнер.

Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката во Лас Вегас следниот викенд.



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи