Базен, нов мост, реконструкција на улици… Усвоена Развојната програма на Гостивар за 2025

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Инвестиции во патната инфраструктура во градот и селата, нови водоводи и канализации, реновирања во училишта и спортски објекти, повеќе зелени површини…Ова се главните фокуси на Равојната програма на Општина Гостивар за 2025-та година, која беше усвоена на денешната седница на општинскиот Совет.

„Ова е реална Програма според потребите на граѓаните. Целта е да се направат инвестиции за подобрување на квалитетот на живот и подобра иднина. Содржи проекти за модернизација и зголемување на капацитетите на сообраќајната инфраструктура. Би го споменале новиот мост, кој ќе ги поврзе главните сообраќајници, како и реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“, кој е главна артерија на градот. Во сите села се планирани одредени проекти за патишта и улици, водовод, канализации. Со втората фаза „Вода за Гостивар“ се цели да се модернизира водоснабдувањето. За образование и спорт, опфатени се реконструкции и обнова на училиштата, како и на спортската сала во економското училиште. Исто така и изградба на базен во кругот на основното училште „Гоце Делчев“, кој ќе може да се користи од учениците од сите  училишта. Во Програмата е наведено хортикултуно уредување и зголемување на зелените површини во насока на почиста животна средина.“, образложи Шпенд Имери од локалната самоуправа.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Ќироска во име на советничката партија од која доаѓа нагласи неколку проекти, за кои како што рече треба да се дадат заложби за реализација.

„Охрабрена сум дека проектите ќе се реализираат и со тоа ќе се направи еден урбанистички бум, а Гостивар ќе го видиме во едно поинакво светло. Во Програмата има точка за асфалтирање и бекатонирање на улици според барања на граѓаните, за што како советничка група би дале акцент на улиците во населбата Циглана. Наш предлог е и обнова и проширување на детско катче во Дутлок, реконструкција на ул. Железничка, улици во Дутлок и поставување енергетски ефикасни фасади на старите згради за домување“, подвлече Ќироска.

Ема Нешковска од советничката група на СДСМ, истакна дека најважно е проектите да се реализираат и да не останат само на хартија.

„Развојната програма е амбициозна, убава за читање, но хартијата трпи сѐ. Најважно е проектите да се реализираат. Се надеваме на поголем процент на реализација. Би предложиле средување на улицата над судот, која е дел од бул. „Браќа Ѓиноски“, каде луѓето се дават во кал и прашина, а живеат во централното градско подрачје. Населбите Циглана и Фазанерија се како отсечени и заборавени од локалната самоуправа и многу малку се застапени. А потребно е реконструкција на улици, улично осветлување, предлагаме да се изгради детска градинка со оглед дека Циглана е најбројна населба со жители, мултифункционално игралиште. Во Програмата не видов ниту една велосипедска патека, како ни решение за проблемот со кучињата скитници и за паркинг просторот. Особено ќе го нагласам проблемот што Гостивар нема капела, за достоинствено испраќање на починатите во вечните почивалишта.“, рече меѓу другото Нешковска.

Дискусијата за Развојната програма ја проследи и градоначалникот Ваљбон Лимани, кој од говорницата во кратко обраќање кажа:

„Не би сакал да давам политички конотации. Развојната програма е амбициозна, но кога имате тим кој е амбициозен и посветен, програмата може да биде реална. Верувам дека повеќето од овие проекти ќе ги реализираме.“

Претходно советниците на ДУИ ја напуштија денешната седница, од иста причина како и претходниот пат. Тие повторно побараа на дневен ред да се стави Декларација против намалувањето на бројот на советници, по што претседателот на Совет рече дека предлогот треба да ги помине процедуралните филтри, па за него да се дискутира.

Советничката група на ДУИ изрази став дека нема да учествуваат на седниците додека тоа прашање не се најде на дневен ред.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи