Се анализира мермерна скулптура пронајдена случајно во гостиварски Равен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Жител на гостиварското село Равен минатата недела чистејќи извор на поток со багер, наишол на предмет во земјата. Секако не очекувал дека воообичаени работни задачи ќе резултираат со археолошко откритие, односно пронаоѓање на мермерна скулптура. Локацијата кадешто е пронајдена скулптурата е на подножјето на калето во Равен.

За случајот официјално го известил Конзерваторскиот центар во Гостивар, чија екипа потоа извршила увид, а артефактот е пренесен во установата.

За скулптурата, за сега не потврдени многу детали. Може да се види дека се работи за скулптура без глава со тога, според мерењата висока 1,5 метри.

„Јавно упатуваме благодарност до Мухамед Бафќари од Равен кој нѐ извести дека при вршење работа пронашол скулптура. Соработката и довербата меѓу граѓаните и институциите во тој правец е многу важна. Скулптурата сега е предмет на стручни истражувања и анализи, кои треба да дадат повеќе информации.“, вели директорот на гостиварскиот Конзерваторски центар, Цветко Новаковски.

Во истражување и анализи на скулптурата се вклучуваат експерти од надлежни установи, со што ќе се знаат повеќе податоци за периодот од кога датира скулптурата, што претставува и слично, а ќе биде донесена и одлуки како ќе се реставрира и каде ќе се чува.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи