Кој ќе биде првиот човек на ФФМ? Сејдини поднесе оставка, се шпекулира со Омерагиќ?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука, односно закажа Вонредно изборно собрание за избор на претседател на Фудбалска федерација на Македонија на 22 декември кога ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател.  Медиумите веќе го шпекулират новото име на првиот човек, а тоа е Масар Омерагиќ, екс фудбалер и актуелен член на УО на ФФМ.

Муамед Сејдини, се уште актелниот претседател на Фудбалска федерација на Македонија денес и официјално ја потврди оставката преку соопштение, во кое пишува:

“После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22. декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години”. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...