Тесен пораз за KK Гостивар, Кожув поуспешен во завршницата 66-68

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Кошаркарите на Гостивар запишаа уште еден тесен пораз, откако вечерва на домашен терен во меч од седмото коло на Првата лига беа совладани од Кожув со 66-68.

kk gv kozuv 2024 2

Иако гостиварци успеаја да ја надоместат негативата од првото полувреме и во последната четвртина од натпреварот влегоа со предност, гостите од Гевгелија беа пофокусирани во завршницата и обезбедија значаен триумф со кој го прескокнаa домаќинот на табелата.

kk gv kozuv 2024 10

Српско-хрватскиот тандем од редовите на Кожув, Стевановиќ и Пилепиќ, беа најефикасни на натпреварот со реализирани по 22 поени, кај КК Гостивар Дарко Соколов со 16 поени и 10 скока одигра одличен натпревар, но ја немаше поддршката од соиграчите.

kk gv kozuv 2024 4kk gv kozuv 2024 8

Со ова, по 7 одиграни кола КК Гостивар успеа да запише збир од две победи и пет порази, што го позиционира на осмото место на табелата. Тимот од Гостивар во досегашниот дел од сезоната покажува борбен дух, но „тенката“ клупа и пропуштените шанси во завршниците остануваат главен предизвик за стручниот штаб во натамошниот дел од сезоната.

kk gv kozuv 2024 3

Во следното коло „бело-сините“ му гостуваат на Феникс 2010, но пред тоа следи репрезентативна пауза.

kk gv kozuv 2024 7 kk gv kozuv 2024 11 kk gv kozuv 2024 12



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи