Изложба на фотографии во Гостивар-„Исламското културно наследство во Унгарија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар попладнево беше отворена изложба на фотографии насловена „Исламското културно наследство во Унгарија“. Изложбата е организирана како  соработка меѓу Унгарската Амбасада во Македонија и хуманитарната организација „Ел Хилал“, а содржи 28 фотографии од објекти во Унгарија кои датираат од Отоманската империја.

Во своето обраќање на настанот унгарскиот Амбасадор, Андраш Клајн истакна:

„Во Унгарија немаме голема муслиманска заедница, но презентирајќи ги овие фотографии од културно наследство зачувуваме важен дел од нашето минато, од нашата култура, промовираме толеранција и соживот меѓу различни етникуми и религии. Тоа е најважната порака на оваа изложба.“

И претседателот на „Ел Хилал“, Бехиџудин Шехапи кој воедно е и куратор на изложбата пренесе истата порака.

„Ваква Европа сакаме да градиме, сите наши настојувања за влез во Европа ќе бидат единствено во рамките на запазување на европските конвенции, почитување на културното наследството и мултикултурата“, рече Шехапи.

На отворањето пред присутните се обрати и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани.

„Се надевам дека вакви изложби ќе имаме што повеќе во нашиот град, секогаш се добредојдени. Знаеме дека Гостивар е познат како град кој ја сака културата и секогаш ќе бидеме отворени за вакви активности“, кажа Лимани.

izlozhba 1

Во знак на благодарност за посетата и соработката, директорката на Центарот за култура, Фарие Адили на Амбасадорот Клајн и на Шехапи им подари сувенир со симболот на градот, Саат Кулата.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...