Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши првиот ден од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. 

Во текот на денешниот ден не беа прифатени четири амандмани од кои еден од СДСМ и три амандмани поднесени од пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија.

Амандманот на СДСМ се однесуваше на зголемување на платите во администрацијата за што се бараа 3,5 милијарди денари, а со еден амандман поднесен од Сали Мурати се бараше измена на одлуката за патни трошоци за пратениците односно таа да се однесува и на другите активности што ги имаат пратениците како присуство на семинари…. Еден од неговите амандмани се однесуваше и на статусот на асистентите кои работат во регионалните канцеларии на пратениците.    

Амандманската расправа продолжува утре во 12:30 часот, а поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 се на опозициската СДСМ. 

Расправата за Предлог-буџетот за следната година во собраниската Комисија за финансирање и буџет трае вкупно 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до крајот на годината. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...