На 19.11.2024 во 12.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го привеле А.Х.(60) од гостиварски Добридол затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија, информира СВР Тетово.
Полицијата ивести и дека утрово во 4.15 часот на крстосница од улица „Панче Попоски“ со улица „С.Симоноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Гостивар и го привеле Х.Ш.(57), исто така, од Гостивар затоа што го нарушиле јавниот ред и мир, а при преземање на службени дејствија, А.Ф. агресивно се однесувал кон нив и им се заканувал со остар предмет.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Преземено од: GostivarPress













