Рохиташ Кумар (25), кој бил глув и нем, бил прогласен за мртов во болница во државата Раџастан во северозападна Индија без обдукција, пишува Тајмс оф Индија, пренесува Фокс њуз.
Откако станало јасно дека Кумар е жив пред кремирањето во четвртокот попладне, семејството наводно го вратило во болница, каде што починал во петокот рано наутро.
Тројцата лекари кои констатирале смрт на Кумар во болницата се суспендирани, објави весникот.
Според Дејли Мејл, кој се повикува на агенцијата АФП, Кумар доживеал епилептичен напад. Докторот се обидел со реанимација, но откриле дека срцето престанало да работи.
„Ситуацијата не е далеку од чудо“, изјави сведок од погребот за локалниот медиум ЕТВ Бхарат. „Сите бевме во шок. Тој беше прогласен за мртов, а таму дишеше и беше жив“, додаде тој.
Рамавтар Меена, владин функционер во областа Џунџуну во Раџастан, го нарече инцидентот „грубо невнимание“.
-Ќе преземеме мерки против одговорните. Детално ќе се истражи и начинот на кој работи докторот, рече тој и додаде дека специјална комисија ќе го испита случајот.
(Фокс њуз/Тајмс оф Индија)
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













